петок, 30 јануари 2026

Ќе се доградува жичницата од детската клиника во Козле

Заедно со Град Скопје ќе се реализира проект за обновување и за модернизација на жичницата на Водно, изјави директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

Објавено на

часот

Сподели

Тој информираше дека наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“ кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно.

Томовски изјави дека оваа локација нуди поширок простор каде што може да се обезбеди монтажен паркинг, што би им овозможило на граѓаните безбедно да ги остават своите возила и да продолжат понатаму.

„Доколку сакате да го паркирате возилото и да бидете сигурни дека има паркинг, за разлика од претходната локација, каде реално нема каде да паркирате возило, и треба да одите пеш“, вели Томовски во гостување на ТВ Алфа.

Тој најави дека денеска треба да се одржи состанок со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на кој ќе се разговара за двете теми, трасата и начинот на финансирање на проектот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ