понеделник, 14 јули 2025
Градоначалникот на Струга беше ослободен за набавката на луксузниот автомобил вреден 67.000 евра

Ќе куртули ли Мерко од казна и за незаконски поставените директори како за луксузното ауди?

Со изведувањето на завршните зборови на преставниците на Основното јавно обвинителство и на застапникот на одбраната денеска пред Основниот суд во Струга заврши судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко, кој е обвинет за незаконско назначување директори во основните училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Изрекувањето на пресудата за овој случај е закажано за утре. Струшкиот суд пред неколку дена донесе ослободителна пресуда за градоначалникот Рамис Мерко за набавката на луксузниот автомобил ауди во вредност од 67.000 евра, а утре го чека нова пресуда за друг предмет.

Објавено на

часот

Сподели

Јавните обвинители Ванеса Бизати Билјали и Џемал Лога во завршните зборови за предлетот за незаконското назначување на директори на училишта посочија дека обвинетиот во својство на градоначалник несомнено во повеќе наврати постапил спротивно позитивните законски прописи и овластувања, со именување на функцијата вршител директор на лица кои не ги исполнувале условите. Мерко според нив, назначувал в.д. директори без одлука на училишните одбори, без објавен оглас, несовесно постапувал и при употребата на неговите дискрециони овластувања како градоначалник, со што бил нарушен, меѓу другото, и процесот на функционирање на образовните установи.

Застапникот на одбраната, адвокатот Игор Петковски, во завршниот збор истакна дека обвинителството во процесот не успеало да докаже вина на обвинетиот, односно „несовесно работење во службата“.

 

Тој истакна дека од изведените докази во главната расправа несомено не е утврдена намера кај обвинетиот за прибавување некаква корист за друг или нанесување штета, туку да се овозможи непречена работа на училиштата.

Притоа посочувајќи недоследности во доказниот материјал, тој рече дека градоначалникот не е единствен правен субјект кој има дискреционо овластување, што само по себе веќе на тој начин не е дискреционо право.

Истовремено одбраната меѓу другото укажа на спротивставени мислења изнесени во изјавите на вештите лица од економска струка, кои, како што беше посочено, дијаметрално се разликуваат во мислењата за тоа од каде се исплаќани платите за односните в.д. директори, дали од сметката на училиштата или преку блок дотации што се наменски средства обезбедени преку буџетот на Општината…

 

Судијата Јордан Јованов што води повеќе предмети против градоначалникот Мерко, рече дека пресудата по овие два предмети ќе ја објави утре.

Одвоениот предмет што против Мерко се води уште за назначувањето директор во училиштето „Браќа Миладиновци“ е во завршна фаза, разврската се очекува наредниот месец.

За наредниот месец судијата Јованов го закажа и рочиштето по предметот за училиштето во селото Велешта, каде има и обвинети што се товарат и за фалсификување исправа, на кое останува да се сослуша уште само еден сведок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ