недела, 14 декември 2025
Обвинителството го објави последниот записник што убиената го дала пред обвинител

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ се заканите од Илија кои Росица ги кажала пред обвинител неколку дена пред убиството

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена пред таа и нејзиниот татко Киро Коцев (68) да бидат брутално убиени од нејзиниот поранешен партнер Илија Стефановски.

Објавено на

часот

Сподели

Коцева во исказот детално опишала низ какви закани и насилство поминувала последните месеци. Таа изјавила дека по прекинот на заедничкиот живот во октомври 2024 година, имала повремена комуникација со Стефановски.

Заминала со него на патување во Софија за да му помогне оти го владеела јазикот, па така на 27 декември 2024 година настанала расправија. Илија барал од неа да ја обноват врската, а кога таа го одбила и се обидела да ја отвори вратата од автомобилот, тој ѝ рекол: „Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“.

Илија, потоа ја повикал Росица во својот дом во Ѓорче Петров, а таа се согласила само под услов да биде таму и неговата мајка. „Тој ја повика неговата мајка, но во истиот момент почна со малтретирање кон мене, пришто ме удираше по целото тело, ме заклучи во неговиот дом, но не можам да се сетам колку време бев затворена, со оглед на тоа што немав телефон со мене“, сведочела.

Во записникот пишува и дека тој насилно се однесувал и со неговата мајка, туркајќи ја. Росица ја молела мајка му да повика полиција, но и нејзиниот телефон бил одземен од Илија. Наредниот ден му кажала дека ако ја пушти ќе се обиде да побара помош за да ја обноват врската, па тој се согласил. Во завршниот дел од исказот, Коцева останала на предлогот за гонење на Стефановски.

Неколку дена оо оваа пријава, следеше трагичниот настан по кој таа и нејзиниот татко беа убиени.

Триесет и едногодишната Росица од Велес претходно неколку пати пријавувала настани во кои се обидувала да побара помош од институциите поради тепање, палење на автомобилот на нејзиниот татко, како и тоа дека и покрај судската забрана да ѝ се доближува, оној што вчера ја уби претходно се обидел да стапи во контакт со неа. Неколку дена пред да го стори убиството и самоубиството бил осуден на условна казна за загрозување на сигурноста и за насилство.

На 21 мај 2025 година оштетената во ОЈО Велес пријавила дека оштетениот не ја почитува забраната да не ѝ се доближува, а МВР уште, до денес, постапува по наредбите да утврди дали тој пред 4 месеци ја вознемирувал и ја барал на телефон.

Од Обвинителството споделија детали за што сѐ досега имало пријави и за што во евиденција се провлекувало името на насилникот кои ги споделуваме во продолжение. Редакцијата на МКД.мк постави прашање до Обвинителството кое гласи вака: „Значи дала исказ на 9 септември во Обвинителството, ја убил по 7 дена и никој не постапил да ја заштити, а имало куп пријави претходно?“….

 

Обвинителството на ова одговори: „Во исказот во Обвинителството таа не пријавува нови моментални закани“.

 

Во продолжение е хронологијата на настаните кои му претходеле на убиството и самоубиството, а во кое има пријави за тепање, палење на автомобил и поплаки дека насилникот не ги почитува дадените наредби за доближување.

Основното јавно обвинителство Велес на 10 април 2025 година против осомничениот поднесе Обвинителен предлог за 2 настани загрозување на сигурноста од член 144 ст.3 вв ст.1 за настан на 20.02.2025 година, насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 за настан ноќта меѓу 03.03.2025 и 04.03.2025 година со нанесена полесна телесна повреда на партнер на оштетената.

Во рамките на оваа постапка, ОЈО Велес наредило и психијатриско вештачење на обвинетиот, а вештото лице се произнесе дека тој не боледува од душевна болест, бил пресметлив во моментот на сторување на делото, бил способен да го сфати значењето на своите постапки и кај него не е регистрирана патолошка опсесивност или патолошка фиксација кон оштетената.

На 10.09.2025 година, Основниот суд во Велес, постапувајќи по ова обвинение изрече пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и му изрече алтернативна мерка – условна осуда. Притоа со решение му беа укинати другите мерки на претпазливост кои беа на сила во текот на постапката, но на сила до правосилноста на пресудата остана мерката – забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетената и нејзиниот партнер, определена по барање на обвинителството.

Оваа одлука на судот во Велес само што е примена во ОЈО Велес и обвинителството се уште немаше можност да се произнесе по неа со евентуална жалба.

Претхoдно на  21.05.2025 година оштетената го пријавува обвинетиот во ОЈО Велес и за неизвршување на судска одлука, бидејќи и покрај дополнителните мерки за заштита од семејно насилство изречени и во граѓанска постапка, тој не ги почитува и продолжува да и испраќа пораки и фотографии со обид да оствари комуникација со неа, а на 18 мај се приближил до нејзиниот дом и го одзел и го запалил автомобилот во сопственост на нејзиниот татко. По оваа пријава, ОЈО Велес ја испита оштетената и на 26.06.2025 година издаде наредба до МВР за обезбедување докази од телефонската комуникација, како и 4 наредби за обезбедување снимки од видео надзор од различни локации во градот. По овие наредби МВР постапува.

На 25.03.2025 година оштетената го пријавува осомничениот во ОЈО Скопје за настан случен на 27.12.2024 година, кога за време и по враќање од патување во Бугарија, осомничениот се обидел да ја задржи во стан во Скопје и ѝ нанел лесна телесна повреда од чл.130 ст.2 од Кривичниот законик. Според наводите од пријавата, оштетената извесен период претходно пријавила и во МВР. Речиси истовремено, и пријавениот поднесува пријава до ОЈО Скопје со која ја товари оштетената дека му поднесува лажни пријави во МВР со цел да му изнуди пари.

Иако настанот во обвинителството беше пријавен три месеци по случување, ОЈО Скопје ја прибави медицинската документација, како и другите докази за целосно испитување на настанот. Врз основа на тоа, обвинителството ја отфрли кривичната пријава за лажно пријавување поднесена од Стефановски, а по пријавата поднесена од Коцева продолжи да постапува.

На 09.09.2025 година, оштетената даде исказ во ОЈО Скопје и се изјасни дека останува на предлогот за кривично гонење на осомничениот.

Доцна вчера заврши увидот на  јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес, а телата на починатите од крвавата семејна драма што се случи попладнево во Велес се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Во трагедијата со повеќе повреди од остар предмет починаа 31 годишна велешанка и нејзиниот 68 годишен татко, а сторителот 39 годишен скопјанец поранешен партнер на девојката се самоубил со тврд остар предмет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ