четврток, 15 јануари 2026

Кисела Вода ќе добие Регистер на бизниси во општината

Регистер на бизниси во општината, најави градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска, за време на денешниот настан со наслов „Градиме доверба и вмрежување на деловните луѓе од општина Кисела Вода“.

Објавено на

часот

Сподели

Стаменкоска-Трајкоска и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денеска се на средба со претставници на локалниот бизнис сектор.

„Со благовремено ажурирани податоци, ние може да имаме поквалитетен пристап кон бизнис заедницата. Со самото тоа што ќе имаме поквалитетен пристап до бизнис заедницата, ние како локална власт сме мост помеѓу централната власт  и сите оние што се засегнати. Целта е да имаме порелаксирана и поквалитетна работна атмосфера за сите“, истакна градоначалничката на општина Кисела Вода во изјава за медиуми.

Таа рече дека присуството на Министерството за економија и труд ја прави оваа средба уште поважна, затоа што овозможува директен дијалог со институциите што можат да помогнат во остварувањето на нивните идеи и потреби.

„За мене ова не е формален настан, туку разговор меѓу луѓе кои ја носат економијата на Кисела Вода и институцијата што треба да им биде сигурен партнер. Како нов градоначалник, ова е првата ваква заедничка средба што ја имам со бизнис заедницата. Сакав таа да биде токму ваква – непосредна, отворена и без дистанца, затоа што верувам дека вистинските партнерства се градат преку директен дијалог, а не само преку формални дописи“, подвлече градоначалничката.

Таа додаде дека Кисела Вода и досега важела за општина со добро воспоставени стандарди во поглед на транспарентноста, комуникацијата и односот кон бизнис секторот.

„Тоа е капитал што не се гради преку ноќ. Тоа е резултат на континуитет, на сериозна институционална култура и на заемна доверба. Мојата цел не е тоа да се промени, туку да се надгради. Затоа денес сакам јасно да порачам: Општина Кисела Вода останува општина што ги гледа компаниите како партнери. Ние сме тука да создаваме предвидливи правила, транспарентни постапки и стабилна деловна средина во што вреди да се инвестира. Во тој дух, ја продолжуваме и ја унапредуваме практиката на отворена комуникација и достапност“, рече градоначалничката.

Како дел од таа политика, на општинската веб-страница, нагласи Стаменкоска-Трајкоска, достапен е и Бизнис- информаторот на Кисела Вода, алатка, како што појасни, што ги обединува сите релевантни информации за работење, постапки, можности и поддршка за деловните субјекти. Тоа е конкретен израз, додаде, на заложбата за транспарентност и предвидливост во односите со бизнисот.

„Општина Кисела Вода воедно претставува и мост помеѓу институциите на централната власт и потребите на нашите граѓани и компании. Со поддршка од министерствата и другите државни органи, ние ги преведуваме законските и економските политики во конкретни решенија што им овозможуваат на бизнисите да работат поефикасно, а на граѓаните да добиваат услуги што навистина им значат. Нашата цел е гласот на локалната заедница да се слуша, а политиките да се применуваат, така што ќе поттикнуваат економски раст и иновации“, подвлече Стаменкоска-Трајкоска.

Оваа средба, рече дека ја гледа и како можност за бизнис-вмрежување.

„Да се поврзете меѓу себе, да размените контакти, да пронајдете нови партнери и идеи. Општината сака да биде платформа што ги поврзува луѓето, капиталот и можностите. Затоа ве охрабрувам да зборувате отворено и конкретно. Сè што ќе го слушнеме денес ќе биде основа за нашите идни чекори, политики и подобрувања во работењето на општината“, додаде таа пред присутните.

Кажа дека заедничката цел била јасна – Кисела Вода да биде општина каде бизнисот расте, инвестициите се сигурни, а институциите се вистински партнери на развојот.

Заменик-министерот Ристески рече дека се транспарентна Влада и тоа што граѓаните и бизнис секторот им го укажуваат, тие сакаат да го преточат во добри законски решенија, добри стратегии, се со цел да се подобри бизнис климата во државата и во Кисела Вода.

Тој рече дека може да се обрати и како поранешен градоначалник на Прилеп.

„Имавме одличен контакт со бизнис секторот, додаде Ристески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ