понеделник, 15 декември 2025

Кисела Вода добива институционална поддршка за капитални проекти

Општина Кисела Вода доби значајна поддршка од Владата на Република Македонија за реализација на низа капитални проекти кои, како што велат од општината, претставуваат директна инвестиција во здравствениот, образовниот, социјалниот и инфраструктурниот развој на заедницата.

Објавено на

часот

Сподели

Од Општина Кисела Вода велат дека оваа институционална поддршка е силен поттик за забрзан развој и рамномерен напредок на општините и регионите, како и јасна потврда за определбата за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.

„Искрено се заблагодаруваме за оваа значајна и конкретна поддршка. Средствата што ги добиваме се огромен исчекор не само за нашата општина, туку за целата заедница – за граѓаните, за семејствата и нивните секојдневни потреби. Тоа не се само проекти на хартија, туку реални решенија за реални потреби на нашите сограѓани,“ истакнуваат од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека соработката помеѓу локалната и централната власт е пример како заеднички може да се инвестира во иднината на секое село, населба и град.

„Ова е вистински пример на рамномерен развој на дело, нешто што ретко се памети во минатото. Оваа поддршка претставува основа за стабилен и траен прогрес, и силен мотив за реализација на уште поголеми проекти кои ја менуваат сликата на Кисела Вода – но и на цела Македонија,“ додаваат од општината.

Проектите кои ќе се реализираат опфаќаат подобрување на здравствената инфраструктура, реконструкции на улици, изградба и доградба на училишта, јавно осветлување, канализациони системи, спортски сали и уредување на јавни простори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ