недела, 14 декември 2025

Кирков алармира дека угинале лами во Зоолошката градина во Скопје

Нашата, скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години. Ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава да превземе нешто за ова што ѝ се случува на оваа установа каде од кога дојде Арсовска на чело на Скопје и со поставување на своите ‘професионални’ кадри за директори во Скопје ЗОО угинаа повеќе од 40 егзотични животни дел од нив под сомнителни околности! Пред 4 или 5 дена починале две лами, за кои неофицијално се раскажува дека подолго време појавувале симптоми на туберколоза, а пред само нешто повеќе од 1 месец исто така починаа две лами, за кои се знаело наводно дека боледуваат од истата болест туберкулоза!, пишува на својот Фејсбук-профил, советникот во Град Скопје, Стефан Кирков.

Објавено на

часот

Сподели

Кирков во својата објава наведува дека во Скопје ЗОО се случува вистински хаос, од страна на директорот во сенка Стаменов и другиот на хартија, Попов. Наводно им е наредено на вработените да се сокрие и да не се објавува за смртта на овие лами.

„До таму одат, што и покрај законската обврска да ја известат АХВ, тие тоа не го прават за што АХВ дознаа утрово од мене. Неколку дена претходно вработените имале голем притисок и мобинг од горенаведените да влегуваат во живеалиштата на ламите без никаква ХТЗ или заштитна опрема, за што истите реагирале дека се небезбедни од причина што сомнежот за туберколоза и симптомите биле видливи, додека пак овие животни не биле дислоцирани во изолација и под ризик биле изложени сите посетители, ако знаеме дека туберкулозата е пренослива преку непосредна близина со заболеното животно“, наведува Кирков, додавајќи дека за ова како и за сè претходно што се случува во Скопје Зоо некој мора да поднесе одговорност и да одговара.

„Данела Арсовска што уште ќе му направиш на Скопје ? Ги охрабрувам сите новинари, друштва за заштита на животни да го испитаат ова и да ги побараат одговорите и одговорноста од таму каде што треба, јас како советник во Град Скопје како и секогаш истото ке го направам!“, порачува Стефан Кирков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ