Роднините бараат нова истрага за несреќата кај Катланово
Дали министерката Гордана Јанкуловска ќе отвори нова истрага? И дали јавниот обвинител Љупчо Шврговски ќе најде мотив повторно да го отвори случајот наспроти тоа што неодамна изјави дека предметот за обвинителството е затворен и дека хеликоптерот се урнал поради грешка на недоволно обучените пилоти. На овие прашања веќе четири години бараат одговор најблиските на загинатите војници и јавноста.






