Како што велат, во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“. Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече градоначалникот Горан Герасимовски и порача дека надзорите на градилиштата продолжуваат со несмален интензитет како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор.






