Со помош на специјалните возила пајак на ЈП ПОЦ отстранети се 96 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани се 110 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, нагласуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.






