понеделник, 9 февруари 2026
На подрачје на Општина Центар

Казни за 101 непрописно паркирано возило

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од втори до осми февруари со помош на специјалните возила пајак отстранија 101 непрописно паркирано возило кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштенито на ова општинско претпријатие се наведува дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура.

„Затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, се предупредува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ