вторник, 6 мај 2025

Казнета струмичка кланица, неправилно отстранувала нус производи од животни

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор откако вчера вечер беше објавена информација на социјалната мрежа фејсбук дека струмичка кланица, преку цевка, директно испушта крв во река, информираа од АХВ.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Со надзорот, како што соопшти АХВ, утврдено е дека операторот постапува спротивно на законските одредби за нештетно отстранување на нус производи од Законот за нус производи од животинско потекло.

„За сторен прекршок – нештетно отстранување и употреба на категорија 3 материјал – нуспроизводи од животинско потекло и производи добиени од нив, согласно категоризацијата на нус производите од животинско потекло, операторот е казнет со парична казна од 2 илјади евра во денарска противвредност, а одговорното лице во правното лице со 400 евра во денарска противвредност. Наредено е доследно спроведување на законските процедури за отстранување на нус производи од животинско потекло од категорија 3 (крв од животни заклани во кланица кои не покажуваат знаци на болест)“, се наведува во соопштението.

Од АХВ посочуваат дека крвта како нус производ од колењето животни (нус производ од категорија 3), согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, треба да се отстрануваат со претходно одвојување и собирање во посебно место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ