понеделник, 30 март 2026
По барањето на Обвинителството

Кавадаречкиот суд определи притвор за осомничениот за убиството во Росоман

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби мајката во Росоман, одобрен е вечерва од судија на претходна постапка,  потврдија од кавадаречкиот суд, откако Обвинителството предложи притвор. 

Објавено на

часот

Сподели

„Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик“, информираа од Обвинителството.

Притоа појаснија дека осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ