Почитувачите положија цвеќе пред спомен плочата во центарот на градот, а пред присутните говореше Натка Китева, кустос историчар во Музеј галеријата.
„Во првиот состав на организацијата влегле Пане Иванов, кој бил избран за претседател, а за членови биле избрани Иванче Минчев – чиновник и учител, Јованче Велков – трговец и Јанаќи Илиев Ќурчиев – трговец и кожувар, рече Китева.
Таа додаде дека со ова, Кавадарци ја имал таа чест да биде прв град во Македонија, во кој што е формиран првиот комитет на ТМОРО после Солун, а сите останати комитети во Македонија се формирани подоцна.






