недела, 28 декември 2025

Кавадарци не се откажува од проектот за граничен премин кон Грција

Правиме напори за актуелизирање на проектот за граничен премин на македонско – грчката граница на територија на општината Кавадарци, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Објавено на

часот

Сподели

„Во рамките на поектот ЕУ за општините, претставници на општина Кавадарци одржаа низа состаноци со градоначалници и раководни лица од општините Едеса, Амолопиа, Пилеа Хортиати, со заедничкиот технички Секретаријат за Прекугранична соработка со Грција и други институции. На состаноците се разгледаа можностите за заеднички настап на општините во искористување на европските фондови“, соопшти Јанчев.

Тој подвлече дека со дел од градоначалниците се договорила заедничка средба во општина Кавадарци, со цел да се актуелизира проектот за пограничниот премин Пуљевац Промахои.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ