Како што нагласува градоначалникот, покрај воздушна поддршка се вклуува тешка механизација и повеќе луѓе.
Одлуката е донесена на координацијата со секретарот на Општина Неготино, Марија Нацева, Стојанче Ангелов, директор на ЦУК, како и со командирите на ТППЕ Кавадарци и Неготино и ЈП Комуналец од Кавадарци и Неготино.
Претходно во текот на денот, Јанчев објави дека заедно со градоначалникот на општина Неготино и Противпожарната единица Кавадарци, се на терен на Серта и Војшанци, со цел да се изнајде решение и заеднички со сите ресурси и механизација, да се успее во гаснењето на пожарот, што деновиве се шири во овој дел.






