среда, 2 април 2025

Кавадарчани мачеле коњи, здруженијата за заштита на животните бараат итна реакција од надлежните

Реакција за мачење на коњи, кои биле во очајна состојба во Кавадарци, беше објавена попладнево на фејсбук страницата „Лина – спаси живот, добиј живот, помогни на животните”, што ја водат активисти за заштита на животните.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 13:30 часот на раскрсницата, мостот на реката  Луда Мара, кај населеното место Тенеќе маало, забележано е паркирано возило со приколка и група на луѓе кои биле од истото маало, кои нехумано, присилно пробувале да внесат околу четири или пет коњи во приколката , кои биле во ужасна и очајна состојба. Во багажникот на возилото имало и  животно кое било врзано на нозете. Очевидците не успеале да го снимаат чинот кој очигледно бил нехуман и се коси со благосостојбата на животните и според законот е кривично дело – мачење на животни“, напишаа активистите за заштита на животните.

Притоа упатија апел до надлежните, до кои ќе испратат и пријава, да го испитаат случајот, да излезат на терен и да се преземат соодветни мерки.

„Да се направи план за преземање на коњите на кои итно им треба ветеринарска грижа и одговорно чување, т.е сопствеништво“, подвлекоа активистите за заштита на животните.

Тие ја споделија и локацијата каде што биле забележани коњите во очајна состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ