„Од утре се монтираат и тајмери со електровентили на поголемите зелени површини, со цел контрола на наводнувањето и рационално трошење на водата“, рече Ангеловски.
Тој појасни дека се раководат по синхронизирани работни налози по пријави во кол центарот и директно во претпријатието, а за секоја пријава има повратна информација.
„Мобилната апликација ,’е – Комуналец’ се почесто се користи од граѓаните, така да силно работиме на дигиталните услуги и во наредниот период ќе има многу нови услуги во делот на современиот дигитален свет“, подвлече Ангеловски.