вторник, 17 март 2026

Катастрофална е состојба на објектите на АРМ – реагира Независниот синдикат на професионални војници

Додека министерот за одбрана Владо Мисајловски си нарачува ПР-кампања по касарните во Македонија со презентација на т.н. модерни реновирани објекти, професионалните војници живеат во руинирани објекти од минатиот век и ја одржуваат хигиената во објекти кои се направени од поранешната ЈНА и се во катастрофална состојба, а цели 35 години не се реновирани и обновени од македонската армија, реагираат со соопштение за медиумите од Независниот синдикат на професионални војници .

Објавено на

часот

Сподели

„Пред неколку дена министерот за одбрана се пофали за реновирани објекти во касарната ‘Јане Сандански’ во Штип , со цел да се прикаже дека нешто се реновира. Оваа негова ПР- кампања следува после критиките од синдикатот за катастрофалната ситуација во Армијата со објектите и хигиената, појавата на шуга во касарната во Велес и објавата на синдикатот за стари и нечисти кебиња и перници.

Оваа кампања од страна на министерот за одбрана е со цел да ја манипулира јавноста за 35- годишната негрижа за објектите во Армијата и негрижата кон припадниците на Армијата кои работат и живеат во тие објекти 24/7 цели 365 дена во годината“, велат од Независниот синдикат на професионални војници СО .

Од синдикатот нагласуваат дека со најголем буџет досега во Армијата , министерот се фали со т.н. модерна инфраструктура , односно обнова на само неколку објекти во касарната „Јане Сандански” Штип, а заборава дека има уште 10 касарни и уште стотина објекти кои треба веднаш да се реновираат , а не само тие објекти каде што престојува старешинскиот кадар.

„Погледнете ги објектите кои се изградени од поранешната ЈНА и од тогаш не се реновирани, а во нив престојуваат 90 % професионални војници, и не е ставена ни една шајка во овие објекти во овие 35 години.

Погледнете ја хигиената и условите за исхрана во најголемата кујна во најголемата касарна во Македонија, каде што лебарките се шетаат по лебот кој се дели на војниците.

Ова е реалноста, а не празниот и лажен ПР на министерот за одбрана, кој ја покажува само таа страна која му одговара, затоа ние, како синдикат ќе ја покажеме вистинската и реална ситуација во објектите каде што престојуваат професионалните војници“, се вели во соопштението, потпишано од претседател на Независен синдикат на професионални војници, Александар Насковски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ