среда, 17 декември 2025
Интервју

Катанец: Од апликација до екосистем, Волт ја гради иднината на локалното деловно опкружување

Во регионот на Централна и Југоисточна Европа, каде конкуренцијата е силна, а секој клик се брои, Волт (Wolt) стана синоним за брзина, сигурност и паметен раст. Од логистичка прецизност до поддршка на малите производители, и од локалните маала до светската сцена, Wolt не се шири стихијно, туку стратегиски. Разговараме со Матко Катанец, регионален директор на Wolt за Централна и Источна Европа, кој открива зошто зад секој нарачан бургер стои сериозна визија, како технологијата и локалната експертиза одат рака под рака и зошто Wolt, кога играта се заострува, не игра на сигурно, туку на победа.

Објавено на

часот

Сподели

Дали растот на Wolt во регионот на Централна и Источна Европа за рекордно време е среќа, стратегија или малку магија? Како ја одржувате таа позиција?
– Нашиот успех произлегува од цврста посветеност на визијата на Wolt и на долгорочната вредност. Наместо да му дадеме предност на брзото ширење, се фокусиравме интензивно на нашите корисници и партнери, усовршувајќи ја логистиката и технологијата за да испорачаме беспрекорно искуство со минимални доцнења и оптимизирани трошоци. Wolt е технолошка компанија со мисија да донесе радост, едноставност и заработка во маалата низ светот. Ние сме „сѐ -во-едно“ апликација за локална трговија во повеќе од 30 пазари ширум светот.
Ширењето во централниот регион, само годинава во Македонија, Бугарија и Романија, го постигаме преку силни тимови што носат информирани одлуки и инвестираат локално во инфраструктура. Нашиот фокус на квалитет, избор и пристапност привлекува и корисници и партнери, правејќи нè една од најатрактивните е-комерц платформи благодарение на конзистентен, одржлив раст во Централна и Источна Европа.

Кога сте лидер во играта во 11 земји од Централна и Источна Европа, како ја одржувате глобалната визија без да се изгубите во локалните закони, вкусови и навики?

-Wolt ја отфрла стратегијата „еден модел за сите“, избирајќи моќна комбинација од глобална технолошка поддршка и локална автономија. Заедно со DoorDash, сме водечка глобална платформа за локална трговија, која помага да се оживеат локалните маала, да се поддржат малите и средните бизниси и да се создадат можности за заработка за милиони луѓе. Додека ја негуваме јасната глобална визија и инвестираме централно, на пример во инженеринг и дата-платформи за скалабилност, Wolt им дава целосни овластувања на локалните тимови за извршување. Токму тие тимови имаат право да ги прилагодуваат понудите, да управуваат со партнерствата и да носат одлуки, бидејќи го поседуваат длабокото познавање на пазарот потребно за создавање на услуги во е-трговијата, кои  навистина го олеснува секојдневието на локалните корисници. Овој хибриден модел ни овозможува трајно присуство и вредност на пазарите.

Откако ќе станете повеќе од услуга за достава, играте игра на високи очекувања. Што следува и како се осигурувате дека иновацијата не оди на штета на доверливоста и квалитетот?

-Компанијата го проширува портфолиото со малопродажба, аптеки и финансиски алатки само таму каде што тоа обезбедува реална предност и вредност која природно го надградува постојниот логистички модел. Иновацијата кај нас е водена од потреби, а не од трендови, и секоја нова идеја поминува строг тростепен филтер: брзо тестирање, мерење на влијанието врз корисничкото искуство и одржливоста на бизнисот, и прецизна имплементација. Ако идејата се „сопне“ во која било фаза,  ја отфрламе. Ние сме фокусирани и опседнати со корисникот и сакаме да создадеме вредност во сè што правиме. Wolt му дава приоритет на доверливоста и одговорноста: ја обезбедува сигурноста и задоволството на партнерите-доставувачи и нуди стимули со додадена вредност за купувачите и деловните партнери, како Wolt Capital и Wolt Ads за трговците и Wolt+, нашата глобална претплатничка програма со 0 денари трошоци за достава и пристап до ексклузивни попусти и промоции. Така создаваме „вин-вин“ екосистем за сите, корисниците, партнерите, доставувачите и за Wolt.

Во време кога секое евро се брои, инфлацијата притиска, а луѓето ги менуваат навиките побрзо од секој алгоритам, како ги задржувате корисниците и нивната доверба?

-Економскиот притисок го гледаме како филтер што нè тера остро да се фокусираме на ефикасност и пристапност. Тоа го постигнуваме со педантна оптимизација на секој оперативен детал, како рути, типови транспорт, распореди и целата понуда фино се адаптира на оптималните трошоци. Наместо „рамномерни“ попусти, со партнерите создаваме паметни, податочно водени промоции, на пример преку Wolt+, пакет-понуди и вон-сезонски акции, кои се наменети за специфични потрошувачи и со повисока вредност. За нас, транспарентноста не е маркетиншки звучен збор. Кога цените се менуваат, тоа јасно го соопштуваме и на корисниците и на партнерите, објаснувајќи зошто, кога и како. На крајот, веруваме дека платформите што остануваат доверливи во периоди исполнети со предизвици, ја заслужуваат вистинската, долгорочна лојалност.

Како Wolt им помогна на малите и семејните бизниси во Македонија да преминат во дигиталната економија и каква ќе биде нивната улога на вашата платформа во иднина?

-Малите и семејните бизниси се вистинското срце на економијата на Македонија и ние ги поставуваме напред и во фокус. За само шест месеци, со минимално дигитално присуство им помогнавме на многу локални омилени бизниси да го зголемат своето присуство или досег на понудата во градот. Wolt е повеќе од достава, ние сме силна алатка за раст. Им даваме на трговците дополнителен продажен канал што носи раст на приходите, поврзувајќи ги со многу повеќе локални корисници и ја задржува потрошувачката во локалните бизнис наместо да се одлева кон далечни пазари. Со јасни провизии, брзи исплати, ко-маркетинг поддршка и акции водени од податоци, претприемачите можат да се фокусираат на она во што се најдобри, додека ние го преземаме многу потешкиот „дигитален товар“, како што се податоците, видливоста и паметниот маркетинг. Во таа смисла, ние сме мостот меѓу локалната традиција и темпото на модерниот живот, а овие мали бизниси ќе останат р’бетот на нашиот пазар додека го зајакнуваме изборот и градиме навика за нарачување преку иницијативи како Wolt+.

Македонија сè уште ја гради својата дигитална инфраструктура и се привикнува на е-трговијата. Како Wolt се позиционира како двигател на иновации во средини кои се во развој?

-Македонија веќе е дигитално подготвена, а ние помагаме таа подготвеност да се претвори во секојдневна удобност и реален економски ефект. На локалниот тим во Скопје, кој го разбира пазарот, му обезбедуваме регионално менторство и глобална технолошка платформа, за иновациите побрзо да се вклопат во локалната реалност. Нашите иновации не застануваат само во понудата на храната, одиме чекор понатаму кон поширок дигитален екосистем, како малопродажба, намирници и локални услуги, што овозможува уште повеќе мали бизниси да напредуваат и да се развиваат по свои правила. Паралелно со проширувањето на понудата на производите, се фокусираме на доверба и одржливост преку транспарентни алгоритми кои се под човечки надзор, позелени last-mile опции и практични партнерства со градовите. Сѐ со цел дигиталните услуги да делуваат сигурно и правично за купувачите, трговците и доставувачите. Зајакнувајќи ги овие локални шампиони, нашиот раст директно носи корист на претприемачите и на заедниците што тие ги опслужуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ