петок, 9 мај 2025

Касами е убеден дека партиите во коалицијата Вреди на локалните избори ќе настапат заедно

Коалицијата Вреди денеска има состанок на кој треба да се дефинираат дилемите како ќе настапи на локалните избори. Биљал Касами, претседател на Беса, изјави дека на денешниот состанок на коалицијата Вреди ќе се утврди како таа ќе настапи на престојните локални избори. Касами е убеден дека партиите во коалицијата Вреди на изборите ќе настапат заедно.

Објавено на

часот

Сподели

„Продолжуваат редовните комуникации во рамките на коалицијата Вреди, а денеска ќе имаме  состанок каде ќе се продолжи да се разговара во однос на излегувањето на локалните избори. Јавноста веќе е запознаена дека има неколку опции, но како и да е, се надевам дека денеска ќе биде последниот ден, односно последен состанок, каде ќе се дефинираат овие дилеми во рамките на дебатата за локалните избори. Јас сум убеден дека Вреди и на локалните избори ќе оди заедно и тоа што го покажавме на парламентарните избори ќе го покажеме и на локалните избори, и конечно ќе успеваме да ги добиваме и општините и да ги водиме успешно, како што ние сме убедени дека ја водиме политиката во рамките на владината коалиција, но исто така и во рамките на општините каде што и досега се води од коалицијата“, изјави Касами.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ