недела, 21 декември 2025

Касами: Али Ахмети ѝ ги даде имотите на Српската банка

Али Ахмети со неговата фамилија продава имот на банката на режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Али Ахмети, ни ветуваше основање на албанска банка, но ни донесе српска банка. Дојде време Албанците да дознаат какви луѓе го водат ДУИ и државата овие 20 години. Дојде време да дознаат дека зад превезот на патриотизмот на ДУИ се кријат само пари, криминал и српски свет, рече денеска на прес конференција лидерот на БЕСА, Билал Касами.

Објавено на

часот

Сподели

„Али Ахмети лично е одговорен за внесување на српскиот свет на Александар Вучиќ во Македонија. Али Ахмети лично е одговорен за внесување на  српските банки во Македонија“, рече Касами.

Тој тврди дека БЕСА поседува докази, за како што рече, најголемата политичко-финансиска афера што го поврзува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со „режимот“ на претседателот на Србија Александар Вучиќ.

„Фирмата АС Сењак, позната на јавноста по многу други афери, која е во сопственост на сватот на Али Ахмети, односно таткото на сопругата на неговиот син, имала огромен број на акции во Стопанска Банка Битола. Овие акции во сопственост на фамилијата на Али Ахмети се продадени токму на Алта Банка од Белград, чиј сопственик Давор Мацура е директно поврзан со српскиот режим на Александар Вучиќ. Оваа продажба се случила на 17.09.2025. Само пред десет дена. Додека ве лажат за патриотизам, додека ги лажат и нивните коалициони партнери, тие од ДУИ продаваат имот на банката на режимот на Александар Вучиќ. Ова не е случајна бизнис-трансакција. Ова е директна врска на Али Ахмети со Александар Вучиќ. Ова е финансиска врска која го вметнува српскиот режим во банкарски сектор во Македонија. Ова е доказ дека Али Ахмети не е само политички партнер со луѓе од Србија, туку и финансиски дел од мрежата на Вучиќ“, рече Касами.

Со ова, рече касами, Али Ахмети и неговите луѓе директно го ставаат под ризик финансиски систем и ја прават државата зависна од Белград.

„Албанците повторно ги враќаат во зависност на српскиот центар. Вреди јавно го обвинува Али Ахмети дека е финансиски партнер на Александар Вучиќ и дека ја користи својата политичка моќ за лични и семејни бизнис интереси. Граѓаните треба да знаат дека ДУИ не е политичка партија што ги брани Албанците во Македонија. ДУИ е приватна фирма на Али Ахмети која служи за перење пари, за корупција и лично богатење. Али Ахмети овие денови ќе зборува и ќе се правда дека не знаел и не му кажале, дека сватот и сопствениот син не му кажале, дека се возрасни и сами тераат бизнис. Му порачуваме дека имаме докази за целата поврзаност. Му порачуваме да си го собере срамот и да се повлече. Ова е само мал дел од целата афера и поврзаност на Али Ахмети со сите антиалбански структури во регионот. Јавноста ќе види се. Времето на лаги заврши. Времето на вистината и промените дојде“, рече Касами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ