недела, 14 декември 2025

Карпошани денеска на протест зошто Владата ѝ го одзеде владението на општина Карпош за салата Партизан

Вечерва со почеток во 19:30 часот пред спортската сала „Партизан“ ќе се одржи граѓански
протестен собир под мотото „Партизан не го даваме“, во знак на отпор против одлуката
на Владата да ја одземе од владение на Општина Карпош.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката на Владата предизвика бурни реакции во јавноста и локалната самоуправа,
откако стана јасно дека просторот се одзема без образложение и без претходна
консултација со општината, и покрај тоа што во 2019 година салата беше дадена на трајно користење на Општина Карпош. Салата „Наум Наумовски – Борче“, во јавноста препознатлива како Партизан, е изградена во 1963 година и во изминатите децении била центар на ракометот, кошарката, боречките спортови и училишниот спорт. Граѓаните бараат таа да остане во сопственост на карпошани и достапна за локалната заедница. На протестот се очекува да се обратат неколку спортски активисти, граѓани и советници“, велат од организацијата.

Организаторите ги повикуваат сите граѓани да излезат и со своето присуство да ја
поддржат иницијативата, за да испратат јасна пораја дека јавниот интерес и локалната самоуправа мора да бидат почитувани.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ