понеделник, 15 декември 2025

Каранфилова Пановска: СДСМ гради став за иницијативата на Левица за интерпелација на претседателката на ДКСК

Сериозните обвинувања што се појавија за претседателката на ДКСК, по две основи, мислам дека се повеќе од доволни да си поднесе оставка од морални причини, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија, се наведува во соопштението од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметаме дека првата антикорупционерка има одговорност да го штити кредибилитетот и интегритетот на ДКСК, како еден симбол на борбата со корупција на оваа држава. Сериозните обвинувања коишто се појавија за претседателката на ДКСК, по две основи мислам дека се повеќе од доволни самата таа да си поднесе оставка од морални причини. Затоа што самиот тек на постапките, нејзино суспендирање на еден начин од обврските што ги има како прва антикорупционерка во државата го бараат тоа од неа како личност.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја разгледува иницијативата на дел од политичките партии, на Левица во случајот, за интерепелација, градиме став. Но, едно е јасно и сигурно дека во ваква ситуација претседателката на ДКСК може да си поднесе оставка од морални причини“, рече Каранфилова Пановска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ