По обработени 100 проценти од гласовите, според Државната изборна комисија, Шабани освоил 5.414 гласови, наспроти кандидатот Зуљхајрат Демири, поддржан од Група избирачи, кој освоил 3.135 гласа. Шабани се заблагодари на довербата. Тој веќе слави победа. Ова ќе биде негов трет мандат како градоначалник на општина Врапчиште.
Од досега обработените резултати од 105 од вкупно 121 избирачко место, Лимани освоил 13.784 гласови. Неговиот противкандидат од коалицијата Вреди, Невзат Бејта, добил 7.003 гласови.
Пребројувањето на гласовите продолжува, а конечните резултати ќе бидат објавени по обработка на сите избирачки места.