Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека традиционално во пресрет на летниот период ја поддржува кампањата на Противпожарниот сојуз на Град Скопје, која има за цел заштита од пожар на шумите во Скопје и во околните туристичко-излетничките локации во општините во Скопско.
Кампањата, како што истакна претседателот на Противпожарниот сојуз на Град Скопје Петар Плотников, е со едукативно-превентивна вредност и има за цел придонес за развој на општата и противпожарна култура меѓу младата и секако на воэрасната популација.
Притоа беше истакнато дека соработката и координацијата со ДЗС преставува значаен придонес во заштитата од пожари на граѓаните, шумите и други материјални добра во скопскиот регион, а секако и пошироко во нашата држава.
Од „Национални шуми“ најавуваат нова опрема за гаснење на шумски пожари и трансформација на системот за гасење.