среда, 1 април 2026

Кампања на РСБСП: Безбедноста на пешаците-одговорност на сите нас

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи, започнува национална превентивна кампања насочена кон унапредување на безбедноста на пешаците во сообраќајот.

Објавено на

часот

Сподели

Пешаците претставуваат една од најранливите категории учесници во сообраќајот, а статистичките податоци укажуваат на потребата од континуирана едукација, подигнување на јавната свест и зајакнување на одговорното однесување кај сите учесници. Со оваа кампања се стремиме да поттикнеме поголема внимателност, почитување на сообраќајните правила и меѓусебна толеранција помеѓу возачите и пешаците.

Кампањата ќе опфати низа активности, вклучувајќи едукативни содржини, јавни настани, работилници, медиумски пораки и теренски активности, со посебен акцент на правилното користење на пешачките премини, почитување на сообраќајната сигнализација и зголемување на вниманието во урбаните средини.

Во рамки на кампањата ќе биде одбележана и „Недела на пешаците“ од 1 до 7 април, при што во соработка со МВР ќе бидат одржани превентивно-едукативни работилници со оваа категорија на учесници во сообраќајот.

„Апелираме до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да покажат зголемена претпазливост во близина на пешачки премини и секогаш да им дадат предност на пешаците. Воедно, ги повикуваме пешаците да ги почитуваат правилата за безбедно преминување на улица, да користат обележани премини и да бидат внимателни при движење, особено во услови на намалена видливост.

Особено апелираме до пешаците да избегнуваат користење на слушалки, мобилни телефони и други електронски уреди при движење и преминување на улица, бидејќи нивното внимание се намалува и се зголемува ризикот од сообраќајни незгоди.

Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас. Само со совесно и одговорно однесување можеме да допринесеме кон намалување на сообраќајните незгоди и создавање побезбедна средина за сите граѓани. Да не заборавиме ‘СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН’“, се вели во соопштението на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ