сабота, 20 декември 2025

Кампања „Катастар до тебе“

Агенцијата за катастар на недвижности започнува со нова кампања под наслов „Катастар до тебе“. Првата промоција ќе се одржи во четврток, 18 септември  од 16 до 19 часот во Општина Аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

Целта на кампањата е институцијата да се доближи до граѓаните преку директна комуникација, отвореност и транспарентност. На овој начин, граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат јасни и прецизни одговори од стручни лица, како и информации за постапките што ги спроведува Агенцијата.

За време на настанот, државни службеници и раководители од Агенцијата ќе бидат достапни за разговор и советување, со цел полесно да им помогнат на граѓаните во решавање на нивните дилеми и прашања поврзани со катастарските услуги.

Со кампањата „Катастар до тебе“, агенцијата ја потврдува својата посветеност за поголема близина до граѓаните, унапредување на довербата и обезбедување поефикасни и поедноставни услуги за физичките и правните лица. Во рамките на кампањата е предвидено да се посетат сите општини во државата, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ