недела, 14 декември 2025

Kамен темелник на новата фабрика на „Чагатај Кабло“, инвестиција oд 6 милиони евра и 200 нови работни места

Денес го одбележуваме почетокот на нова инвестиција. Но повеќе од тоа, денес вградуваме уште еден темел на економска доверба. Јасен сигнал дека кога институциите се посветени, успехот не неминовно доаѓа. Компанијата „Чагатај Кабло“ започнува со изградба на нова фабрика во рамките на ТИРЗ Скопје 1, изјави на поставувањето на камен темелникот македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Се работи за инвестиција во вредност од шест милиони евра. Ќе се изгради објект со површина од 10.000 квадратни метри и ќе се отворат нови до 200 работни места или вкупно како што кажа и претседателот на Управниот одбор, ќе дојдеме до бројка од 500-на работни места кои што ќе произведуваат овде во производните капацитети на компанијата ‘Чагатај Кабло’. Ќе се воведат нови технологии, ќе се прошири капацитетот и ќе се создаде идна вредност што ќе остане овде- во нашата татковина. Ова е само еден од многуте примери како се создава економски раст. Не со теории, туку со конкретни објекти. Не со пароли, туку со нови работни места. Не со зборови, туку со нова хала што се гради.
Секој ваков почеток не е добар само за компанијата. Тој е добар за локалната заедница, добар за националната економија и добар за иднината на секој млад човек што сака да остане овде.
Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности. Земја во која трудот се исплатува. Земја во која инвестицијата има смисла. Земја во која институциите се партнери на бизнисот- не пречка, туку поддршка.


Странските директни инвестиции минатата 2024 година стигнаа ниво од 1 милијарда и 255 милиони евра. Извозот во првите 5 месеци од оваа година е za 3,15 проценти поголем споредено со истиот период лани. А, индустриското производство, само во мај, бележи раст од 9,4 проценти. Што ќе каже дека во првите два месеци од вториот квартал, април и мај, трговскиот дефицит е намален за околу 80 милиони долари споредено со истиот период минатата година.
Ова се показатели што го говорат најважното- дека државата е стабилна, дека економијата е активна и дека иднината се гради денес.

Свесен сум дека граѓаните се соочуваат со потешкотии. Свесен сум дека се потребни брзи и коренити промени. И токму затоа, секој ден со целата енергија што ја имаме работиме за тие промени да се случат- реално, одлучно и без одложување.
Ова е борба што ја водиме со срце. Се бориме за секое ново вработување. Се бориме за секој денар повеќе во домашната економија. Се бориме за секоја шанса што може да донесе стабилност и достоинство за граѓаните. Ќе продолжиме по истиот пат- со енергија, со одговорност, со упорност. Ќе продолжиме да ги градиме темелите на промените. Затоа што доаѓа времето на Македонија. И тоа време не е утре. Тоа време е сега“, рече Мицкоски на поставувањето на камен темелникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ