„Три децении КАМ е дел од секојдневието на македонските граѓани. Три децении исполнети со посветеност, труд и верба дека квалитетот не мора да биде скап. Кога ја отворивме првата продавница, нашата цел беше едноставна – да им овозможиме на луѓето достапни производи без компромис во квалитетот. Денес, со гордост можам да кажам дека таа идеја израсна во најпрепознатлив македонски бренд по кој луѓето ја препознаваат вредноста, сигурноста и домашниот дух. Овој јубилеј не е само наш успех. Тоа е успех на сите вработени, партнери и купувачи кои веруваа во нас и заедно со нас ја пишуваа оваа приказна. Ви благодариме што триесет години сте дел од семејството КАМ. Продолжуваме со истата посветеност кон нашите потрошувачи и со визија да бидеме уште подобри, посовремени и поблиску до секој дом во Македонија“, вели сопственичката на КАМ, Тања Камчева Лазаревиќ која го отвори 86. КАМ маркет заедно со Цвета Камчева, основач на компанијата „Камфуд“, од каде почнува и целата компаниска приказна.

Присутните уживаа во богата програма за сите генерации. Гостите имаа можност да дегустираат специјалитети и многу локални производи.
Преку кратко видео и говор на Тања Камчева Лазаревиќ, беше претставена и 30-годишната приказна на КАМ – од „Камфуд“ во 1995 година, првиот хард-дисконт маркет во 1999 година, лансирањето на приватната марка „Алпико“, експанзија на пазарот во Бугарија, отворање на најголемиoт логистички центар во Македонија, па сѐ до денес со вкупно 86 маркети во Македонија, 26 во Бугарија и над 1.500 вработени.

КАМ повторно потврди дека е бренд на кој му веруваат македонските потрошувачи и кој продолжува да инвестира во заедницата, домашната економија и идните генерации. Роденденските промоции и наградната игра со фонд од над 3.000.000 денари која ќе трае до 9 ноември, се само дел од благодарноста кон лојалните купувачи.







