понеделник, 15 декември 2025

Кaм ќе исплати рекорден регрес од 46.000 денари на своите вработени

Компанијата Кам повторно го потврдува реномето на еден од најпосакуваните работодавци во земјава и во пресрет на летната сезона ќе им го исплати првиот дел од регресот за годишен одмор од 46.000 денари на сите вработени. Износот овој пат е речиси трипати повисок од законски утврдениот минимум, но оваа практика компанијата ја негува долго време и секоја следна година обезбедува поголема поддршка за својот тим составен од над 1.400 луѓе. Регресот за 2025 е највисокиот досега и е признание за вложениот труд и лојалноста на вработените, а ќе биде исплатен во три дела – во текот на летниот период, во октомври и во декември.

Објавено на

часот

Сподели

Наша компаниска мисија е да создаваме средина во која луѓето ќе се чувствуваат ценети поддржани и мотивирани. Со исплатата на рекорден регрес и постојано унапредување на бенефициите, испраќаме јасна порака – дека вреднувањето на трудот и грижата за тимот остануваат во сржта на нашето работење. Веруваме дека задоволниот вработен е и најдобриот амбасадор на компанијата“, велат од Кам.

Според новите податоци достапни на „Бизнис Мрежа“, Кам и во 2024 година ја задржува позицијата на работодавец со најмногу вработени помеѓу трговските синџири во Македонија и воедно е предводник по висината на просечната плата во истата категорија.

Компанијата ја доби и наградата за најпосакуван работодавач за 2024 во категоријата маркети која ја доделува vrabotuvanje.com.mk

Покрај финансискиот аспект, Кам постојано ги надградува и бенефициите за своите вработени – меѓу кои се издвојува и попустот за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид, особено популарен во летниот период. Воедно, компанијата вложува во човечкиот капитал и со постојано зголемување на платите, подобрување на условите за работа и редовни обуки за професионален развој.

Кам останува посветен на градење силна, стабилна и човечки ориентирана организација, каде што секој поединец е важен и препознаен.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ