Ѓорѓиевски во објавата нагласува дека грижата за јавните простори и културното наследство останува еден од приоритетите на градската администрација.
Градоначалникот истакна дека Скопското Кале, како еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, заслужува континуирано одржување, уредување и заштита. Целта, како што посочи, е зачувување на неговата историска вредност и обезбедување безбедна и пријатна средина за сите посетители.
Од Град Скопје соопштуваат дека ќе продолжат со активности за унапредување, редовно одржување и промоција на културно‑историските знаменитости во главниот град, со фокус на подобрување на јавниот простор и условите за граѓаните.






