Поводот за овој заклучок на професорот Калајџиев е судењето на кардиохирургот Жан Митрев, против кого се води судски процес, односно обвинет е за измама на 283 пациенти со ковид-19, на кои им бил понуден метод на хемофилтрација како ефикасен метод, иако не постоеле научни докази. Овој судски случај, по две години претходно судење, во март минатата 2025 година започна од почеток.
„Процес од Ф.Кафка! Ќе го уништат човеков! Секое судење што нема да заврши за две години треба да се распушти!“, пишува на социјалните мрежи професорот Гордан Калајџиев.






