„Градот Скопје со визија и посветена работа ги испишува нивите страници на една убава, достоинствена и горда историја“, пишува во објавата на Фејсбук.
Ѓорѓиевски најави дека следната недела треба да биде распишана и тендерската постапка за втората фаза, а очекува целата сообраќајница, која е околу два километра, да биде завршена до крајот на неговиот мандат.
„Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза, која ќе подрзабира два нови кружни тека и влез во подземната сообраќајница. За да не губиме време, ќе ја почнеме тендерската постапка наредните 10 дена и верувам дека веднаш по завршување на првата фаза, ќе почнеме со реализација на втората фаза. Оваа фаза опфаќа проширување на дел од сообраќајниците тука и уредување на целиот простор. Опфаќа нова атмосферска канализација и 60 нови шахти, што значи дека и атмосферските води ги средуваме во овој дел од нашиот главен град. Опфаќа на улицата Пролет, приклучување и нов крак кон улицата Борис Трајковски и уште едно проширување и нов крак на улицата 11 Октомври“, изјави вчера Ѓорѓиевски.






