вторник, 10 јуни 2025

Каја Калас за посетата на Македонија: Припаѓате во нашето европско семејство

Задоволство е да се биде во Скопје. Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ – и првата што имаше корист од нашиот План за раст за Западен Балкан. Припаѓате во нашето европско семејство. Сега е од суштинско значење да се продолжи по патот кон ЕУ. Ова на својот Х профил по вчерашната посета на Македонија го напиша Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност.

Објавено на

часот

Сподели

Таа и вчера за заедничката конференција за медиуми со македонскиот премиер Христијан Мицкоски изјави дека Европската Унија останува со Македонија на патот кон целосното интегрирање. „Македонија припаѓа во ЕУ. Вие имате навистина долга историја на усогласувањето со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, а тоа нам ни е особено многу важно во овие трубулентни времиња, кога гледаме дека има сериозни геополитички промени во светот“, рече Калас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ