понеделник, 15 декември 2025

Кај нас колоните не само на границите, се чека и по патарини

Зголемен е сообраќајниот интензитет на патиштата низ Македонија, особено надвор од градските средини, каде што движењето се одвива по суви коловози. Поголема фреквенција на возила се бележи и на граничните премини.

Објавено на

часот

Сподели

На граничниот премин Табановце, за влез во земјата се чека околу 40 минути, додека на Богородица времето на чекање за излез е приближно 20 минути. Од другите премини, од македонска страна не се евидентирани подолги задржувања.

Но, метежот не е ограничен само на границите. Има долги колони и на патарините. На втората патарина кај Тетово, во правецот кон Гостивар, возачите чекаат и до 30 минути. Граѓаните реагираат дека во летната сезона задржувањата се очекувани, но отсуството на брза реакција за олеснување на протокот ја отежнува и онака напорната летна патна рута.

Фото: МКД.мк

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ