„Во овие 100 дена ќе го поразиме концептот на хорот и враќање назад којшто го промовира Мицкоски. На 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ! На слободни, фер и демократски избори ќе победи европскиот блок. А на 9-ти мај, Денот на Европа, европскиот фронт ќе прогласи формирање нова проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година“, потенцира Каевски.
Пратениците од мнозинството, како што рече, предводено од СДСМ работеа за граѓаните, носеа закони за финансиска поддршка вредна 2,6 милијарди евра, за поголеми плати, пензии, намалување на давачките за народот. Но, додаде, и одлуки со кои се овозможи почеток на преговори со ЕУ со заштитен македонски идентитет.
„Од друга страна ДПМНЕ и Левица спроведуваа активна блокада и наместо за граѓаните делуваа против интересот на државата. Дури ја блокираа и европската иднина на земјата и реформите на европскиот пат, што беше нотирано и во Извештајот на Европската комисија“, рече Каевски, а по реакциите од ВМРО-ДПМНЕ, неговиот сопартиец и претседател на Собранието, Јован Митрески го прекори да употребува цели имиња на партиите.
-Тие два концепти сега повторно ќе се судрат на изборите оваа година. Нема трето, нема нешто помеѓу. Хорор и влечење за коса со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ или европска иднина и поголеми плати со СДСМ и проевропскиот блок е изборот што им се нуди на граѓаните пред претстојните избори. На 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ!“, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.






