„По мојот настап – наместо одговори, добиваме оставка, а можеби и оставки, ќе видиме. Не како одговорност, туку како бегство од одговорност. Кога аргументите недостасуваат – тајмингот станува најсилно оружје“, напиша Кадриу.
Таа посочи дека би верувала во принципиелност доколку ваквиот потег бил направен во периодот на предавање на незаконски прислушуваните материјали.
„Да го направеше овој потег при примопредавање на незаконски прислушуваните материјали кога државата ја рушеа од темел, ќе ѝ поверував дека има принципи. Кога вистината почнува да боли, оставката станува најлесен одговор“, додаде Кадриу.
Во февруари поранешната обвинителката од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Лејла Кадриу во изјава за ТВ Алфа рече дека СЈО многу повеќе делувало на штаб на СДСМ, отколку на обвинителство.
„Бев избркана од СЈО затоа што одбивав да работам на предмети темелени на прислушувани разговори за кои нема прием и попис кој ги предал во СЈО, на предмети по налог на Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Зоран Заев кои често имале средби во СЈО со обвинителите. Министри од СДСМ доаѓаа во СЈО на средба со четворица обвинители од СЈО, меѓу кои носител на групата беше обвинителот Гаврил Бубевски, а со него и Ленче Ристовска… Тие примале налози кои се спротивни на јавно-обвинителската работа“, изјави тогаш Кадриу и додаде дека била избркана од СЈО лично од Катица Јанева, со образложение дека „не била тимски играч“.






