„По многуте пишувања и шпекулации во медиумите, должни сме да не дозволиме да се створи паника околу безбедноста на жичницата. Жичницата има валиден сертификат за работа до 24 септември 2025 година. Во моментов се спроведуваат сервисни работи за замена на делови кои се дел од предвидениот годишен сервис“, велат од ЈСП Скопје.
Оттаму додаваат дека денеска бил направен вонреден детален технички инспекциски надзор од Министерството за транспорт и врски во кој исто така не биле констатирани технички недостатоци, односно било констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба.
„Ве известуваме дека безбедноста е по сите пропишани стандарди и по завршување на тековниот сервис кој се врши месецов се гледаме, на падините на Водно и граѓаните повторно ќе го почувствуваат бенефитот од функционирањето на жичницата“, велат од ЈСП Скопје.
Жичницата што ги превезува скопјани и туристите од Средно Водно до врвот на ридот и Милениумскиот крст повеќе денови е запрена поради голем сервисен зафат.






