“По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. В сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите што работат во една смена ќе бидат достапни од 8 до 13 часот, додека билетарниците и центрите за персонализација што работат во две смени ќе работат од 8 до 18 часот. В петок и недела дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 8 до 14 часот. Понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација“, соопшти ЈСП Скопје.
Од ЈСП Скопје информираат дека Жичницата од петок до недела ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а в понеделник, вообичаено како и секој понеделник – нема да работи.
„Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови“, додаваат од јавното сообраќајно претпријатие.






