недела, 14 декември 2025
Патниците стојат на автобуските постројки чекајќи го автобусот со број 31 и се прашуваат како да стасаат до дома

Кушовски потврди дека ЈСП нема доволно автобуси, средношколците со часови не можат да си дојдат дома

Средношколците кои живеат во Долно Лисиче секој ден се враќаат дома како да биле на училиште и во половина од втора, наместо само прва смена. Причина е тоа што автобусот со број 31 го нема. Овој проблем постоеше и минатата година и како и тогаш, така и сега патниците со часови чекаат по автобуските постројки и се снаоѓаат како знаат и умеат. Одговор редакцијата на МКД.мк побара од директорот на ЈСП, Драги Кушовски кој вели дека проблемот е настанат поради недоволен број на автобуси.

Објавено на

часот

Сподели

Проблеми имаат и другите патници, но автобуси нема. Средношколците од Долно Лисиче за да стасаат во училиште за прва смена од дома излегуваат во 6,30 часот, а се враќаат речиси како да биле на училиште и од половина од втора смена, односно во 16 часот.

Секојдневно се организираат за превоз или плаќаат такси, бидејќи градски превоз нема.

Решавањето на овој проблем засега останува само во ветувањата на идните градоначалници кои чекаат избор на претстојните локални избори, па можеби ќе се фатат за работа. Дотогаш трпат граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ