Согласно риболовната основа за риболовното подрачје Стрежево, од 15 април до 15 јуни 2026 година стапува во сила привремена забрана за лов на сом со цел заштита во период на мрестење.
Од ЈП Стрежево-Битола посочуваат дека во овој период не се воведува целосна забрана за риболов на акумулацијата Стрежево, туку се применуваат временски ограничувања кои се однесуваат на одредени видови риби, согласно нивниот биолошки циклус. Од претпријатието апелираат рекреативните и спортските риболовци да ја почитуваат забраната, со цел зачувување на природните ресурси и долгорочна заштита на биодиверзитетот.






