„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението од ЈП ПОЦ.
ЈП ПОЦ за една недела сакционираше 105 непрописно паркирани возила во Општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар соопшти дека во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 9 до 14 септември, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 105 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Објавено на
часот





