На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502, информираат од Диспечерскиот центар на јавното претпријатие во својот последен извештај од 20 и 30 часот.






