„Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. Овој модел овозможува кучињата да се социјализираат, да стекнат рутина и повторно да изградат доверба во луѓето, што значително ги зголемува шансите за успешно вдомување“, наведуваат од „Лајка“.
Како поддршка на згрижувачите, ЈП „Лајка“ ќе обезбеди храна за целото времетраење на престојот, комплетна ветеринарна грижа, стручна поддршка и насоки, како и промоција на кучето за вдомување.
Нагласуваат дека за вклучување во програмата не е потребно претходно искуство, туку желба за помош, основни услови и одговорен пристап.






