„Претпријатието продолжува и со континуирано одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини што се во надлежност на Градот Скопје. Секојдневно се спроведува рачно и машинско метење на најфреквентните јавни површини – улицата Македонија, централниот плоштад Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје, како и Старата скопска чаршија“, соопшти ЈП Комунална хигиена.







