петок, 9 јануари 2026

JП Комунална хигиена во декември во Скопје подигна 13.000 тони комунален отпад

Лани во декември ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13.000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Екипите на претпријатието во овој период отстранија и 2.200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје во декември реализираше и голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници. Најголем број на записници – вкупно 85 – се врачени во скопската општина Kарпош, оопшти ЈП Комунална хигиена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ