среда, 8 април 2026

ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранила 2.315 кубни метри отпад од диви депонии во главниот град

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на март подигнале и транспортирале 14.086 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, а отстранети се и 2.315 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад, одожени на јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.

Објавено на

часот

Сподели

Најголемо количество непрописно одложен отпад – 540 кубни метри се подигнати во општината Карпош.

Од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, информираат дека продолжуваат со одржување на јавната хигиена на скопските булевари, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје.

“Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите Гоце Делчев, и Слобода, како и Старата скопска чаршија. Претпријатието го започна и сезонското машинско миење со употреба на автоцистерни, што секојдневно се реализира во доцните вечерни часови“, се вели во соопштението.

ЈП Комунална хигиена – Скопје во текот на март информира дека се реализирани еко-предавања и работилници во скопските училишта, во чиишто рамки 232 ученика биле запознати како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ