понеделник, 30 март 2026

ЈП комунална хигиена: Машинско миење на улиците во Скопје   

ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов почна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел – одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, соопшти ЈП комунална хигиена Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци на улиците.
Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири сада за одлагање отпад лоцирани на улицата Невена Георгиева-Дуња, во скопската општина Кисела Вода. Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Опожарените садови се заменети со нови. 
Лани биле запалени вкупно 27 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, додека само од почетокот на годинава се опожарени 11 контејнери. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ