„Вкупно 59 државни институции плус целото судство и јавно обвинителство потпишаа колективни договори во изминатите неколку дена. За прв пат во историјата на Македонија сите вработени административни службеници се опфатени со поединечен колективен договор. Социјалниот дијалог во јавниот сектор испишува историја! Тоа што никому досега не му успеваше, денес стана реалност на трудово-правниот систем во земјата“, наведува Јовевски во објавата.
Тој истакнува дека Македонија станува лидер во однос на колективното преговарање не само во регионот, туку и многу пошироко.
„Најголемата новина е што платите растат кумулативно повеќе од 40 отсто за следните 24 месеци (заклучно со март 2028 година). Направена е добра работа! Тоа што треба да се развива во иднина е културата на социјален дијалог во бизнис секторот, како и зрелоста социјалните конфликти да се решаваат на мирен начин!“, пишува професорот Јовевски во објавата на фејсбук.






