среда, 4 март 2026
На 19 јануари оваа година имало друга пријава за насилство

Јовановски ја бутнал по скали Ивана на Клиника, таа се онесвестила, лекарите пријавиле, ама полицијата го пуштила да си оди со детето

Стојанче Јовановски, осомничен за наведување на самоубиство на сопругата Ивана Јовановска, која заедно со ќерката скокна од балкон на зграда во скопско Тафталиџе, ја бутнал по скали Ивана на 19 јануари годинава, додека таа била хоспитализирана на Клиниката за дигестивна хирургија при Клинички центар „Мајка Тереза“. Ова за „Слободен печат“ го потврдија доброупатени извори кои имаат документ – отпусно писмо, во кое е наведено дека имало сведоци за настанот.

Објавено на

часот

Сподели

Ивана била хоспитализирана таму од 15 јануари, Стојанче дошол во посета, но набрзо потоа пред болничарот и пред детето ја турнал сопругата по скалите. Клиниката за дигестивна хирургија повикала полиција, а со Ивана дошле да разговараат и две службенички од Центарот за социјални работи.

Стојанче не само што не бил уапсен, туку и го зел детето од болницата и си заминал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ